ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Големи засилувања за Спартмани: Промовирани Минур Асанов и Зоран Спасов

Третолигашот Спартмани од Градско Балдовци (струмичко) за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток, која ќе стартува в недела, промовираше две големи засилувања.

Ресторан во Дојран познат по специјалитетот- риба на трска и фантастичниот поглед на Дојранското Езеро

Денес потпис на договор со клубот ставија Минур Асанов и Зоран Спасов, двајца искусни второлигашки фудбалери.

23-годишниот Асанов во Спартмани пристигнува од редовите на второлигашот Детонит (клуб кој што се фузираше со Плачковица), а во својата кариера има настапувано и за Плачковица и Раклиш од Радовиш.

33-годишниот Спасов со своето искуство ќе помага во екипата на Спартмани, а доаѓа од радовишка Плачковица, во својата кариера, исто така има настапувано и за Детонит, Серта од Конче, Ѕвезда од Босилово и Тркања од Градско Балдовци (струмичко).

ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ – МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА, КОНТАКТ: 074 241 247

Во првото коло од новата сезона Спартмани ќе гостува кај актуелниот шампион Овче Поле во Свети Николе. Натпреварот е закажан во 16:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!