Големи тренерски имиња на 11. РБ голмански камп „Охрид 2022“ – учете од најдобрите!

Пријавите за најголемиот голмански камп на Балканот, 11. РБ „Охрид 2022“, кој ќе се одржи во Охрид од 30. јуни од 5. јули годинава, се во тек.
Интересот за овој камп, кој е најуспешен и најдобро организиран на Балканот е голем и останаа уште мал број на слободни места за пријавување на учество – затоа побрзајте!

Големи тренерски имиња ќе бидат дел од 11. РБ голмански камп „Охрид 2022“ што ќе претставува одлична можност за сите учесници – голмани на возраст од 7 до 19 години да учат од познати и успешни тренери.
Золтан Догнар е тренерско име кое со фудбалскиот клуб Ал Јахра успеа да влезе во Првата лига на Кувајт, најсилно натпреварување во оваа држава што претставува огромен успех за Догнар кој ќе биде во Охрид.
Главниот организатор на кампот – Бранислав Радојчиќ е големо тренерско име во фудбалските кругови во Европа. Радојчиќ со А женската репрезентација на Србија успеа да ја победи Германија, која осум пати беше првак на Европа, два пати Светски шампион и олимписки победник. Во моментот германската репрезентација е на 4 место на ФИФА ранг листата и оваа им е единствениот пораз во квалификации за ЕП или СП после 24 години! Резултати кои заслужуваат голема почит!
Доколку сте голман на возраст од 7 до 19 години тогаш овој камп е вистинска можност за развој на вашата кариера и напредок во истата – пријавете се на најголемиот голмански камп и учете од големи тренерски имиња.