ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Големи промени во раководството на Шкендија: Клубот доби нов претседател и спортски директор

Големи промени се случуваат во раководството на тетовска Шкендија. Еден од најдобрите клубови во Македонија, денес и официјално информираше за промените во раководството.

Претседател на тетовскиот прволигаш ќе биде универзитетскиот професор д-р Замир Дика, додека пак спортски директор ќе биде Харун Иса.

Целта на новото раководство ќе биде да изградат тим кој ќе ги исполни зацртаните цели, како и да бележи успеси на домашната и на меѓународната сцена.

Нов тренер ќе биде Ќатим Османи, кој по трет пат се враќа на тренерското место во Шкендија, тим со кого бележеше фантастични резултати. Османи доаѓа од Ренова, каде беше тренер на „гипсарите“, кои се откажаа од натпреварување во ПМФЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!