Големи победи за Караорман, Лирија и Демир Хисар, поделба на бодовите во Волино

Непоразениот лидер Караорман со убедливи 3:1 го доби дербито со Црно Буки во меч од 24. коло на Третата фудбалска лига – Југозапад.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Гостите уште во 4. минута дојдоа до водство со голот на Михаил Котевски и на полувреме имаа водство од 0:1. Во вторите 45 минути Караорман преку Кристијан Цацаноски, Илија Далчески и Климе Далчески стигнаа до нов триумф од 3:1.
Лирија на домашен терне со убедливи 3:0 триумфираше над Кравари со погодоците на Дарко Поповски, Џемил Исмаили и Јонус Рустеми.
Демир Хисар со 2:3 го доби Новаци на гостински терен. За домашната екипа стрелци беа Александар Неданоски и Андреј Јошевски, а пак за гостите погодија голгетерот Стефан Каревски, Стевче Ангелевски и Виктор Ѓорѓиовски.
Сатеска и Македонија Враништа го поделија „пленот“ играјќи 2:2 на теренот во Волино. Боге Бимбилоски беше двоен стрелец за Сатеска, а пак Методија Милевски двоен стрелец за Македонија.