Европски ФудбалФудбал

Голема разлика помеѓу Милан и Кеси, расплетот ги чека Јунајтед, ПСЖ и Арсенал

Преговорите меѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на договорот заглавија на ниво на плата.

Она што го нудат „росонерите“ е далеку под барањата на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.

Италијанските медиуми објавија дека Милан ја подигнал понудата и дека таа сега изнесува 6,5 милиони евра по сезона, а Кеси бара девет.

Договорот на Кеси истекува на крајот од оваа сезона, а потоа доколку не се договорат ќе може да го напушти клубот без обештетување, а за него се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Арсенал и ПСЖ.

За Кеси ова е петта сезона во Милан, а првите две беше на позајмица од Аталанта, која го продаде во јули 2019 година за 24 милиони евра.

Цело време е стандарден првотимец и за „росонерите“ забележа 196 настапи и постигна 32 гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!