РакометРакомет - Суперлига

Голема победа на Радовиш против Работнички

Ракометари на Радовиш стигнаа до четвртата победа во плеј аутот од Супер лигата откако на домашен терен со 27:24 ја совладаа екипата на Работнички.

Радовишани откако добија нов тренер нижат само победи и се вратија во сериозна трка за опстанок во ракометната елита.

Од самиот старт на натпреварот Радовиш имаше водство и контрола над резултатот. На полувреме радовишани имаа водство од шест разлика, 20:14.

Во вториот дел од натпреварот Работнички заигра подобро, а разликата на домашните почна да се топи и да дојде до израмнување на резултатот, 22:22. Меѓутоа Радовиш не дозволи изненадување и повторно го врати водството за на крај да триумфира со 27:24. За Радовиш овие три бодови се многу значајни во тешката битка за опстанок во Супер лигата.

Сосема очекувано најдобар стрелец кај Радовиш беше Ивица Илиев со 12 постигнати погодоци, а Филип Трајанов постигна четири погодоци, додека по три имаа Органџиев и левото крило Стојановски. Очекувано и кај Работнички најдобар беше Тоше Ончев кој постигна 13 погодоци, додека десниот бек Дука стигна до три гола во СРЦ „25-Мај“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!