РакометРакомет - Суперлига

Голема победа на Прилеп против Бутел за шанса за плеј-оф

Ракометарите на Прилеп дојдоа до голема победа над Бутел на гостински терен со 19:21 и остануваат со шанси за пласман за плеј-оф, но за тоа ќе им треба помош од Работнички во последното кое кое се игра во недела.

Одличен старт и на двете екипи со блага предност за гостите до 10 минута од натпреварот. Домаќинот кој важеше за голем фаворит не можеше да влезе во ритам, а тоа Прилеп преку расположениот Чантурија го искористи и на полувреме имаше 8:11.

Во вториот дел Прилеп отвори подобро и дојде до највисоките +6. Бутел преку Мајиќ и Мојсоски намали на два разлика, а преку Печенковски и Стојановски дојдоа до израмнување и на 12 минути до крајот предноста за прилепчани беше само еден гол. Во последните минути имаше многу грешки, но гостите од Прилеп одиграа подобро и на крај запишаа голема победа од 19:21.

Кај Бутел најдобар беше Стојановски со пет гола, додека кај Прилеп најпрецизен беше Чантурија кој постигна десет.

Голема драма за плеј-оф ќе има во последното коло кое се игра во недела. За Прилеп да обезбеди плеј-оф најпрво ќе мора да го победи Еурофарм Пелистер 2 со четири гола разлика, а потоа да се надева дека Работнички ќе го победи Тиквеш. Натпреварите ќе се играат во ист термин, односно во недела со почеток од 17:00.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!