ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Голема победа на Пелистер над Ренова

Пелистер запиша голема победа на домашен терен над Ренова од 3:1 во дерби од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Битолчани први дојдоа до водство со голот на Оумар Гоудиаби во 9. минута. „Гипсарите“ направија притисок за брзо израмнување кое се случи во 23. минута со гол на Алити Арлинд. Пред крајот на првиот дел Пелистер со гол од пенал повторно имаше водство од 2:1, а успешно реализираше Маневски Борче.

Во вториот дел Пелистер тргна силно мотивиран за да постигне гол за сигурна победа со цел трите бодови да останат во Битола. Младиот Размоски Дарко во 55. минута ја погоди мрежата на Ренова за конечните 3:1.

Пелистер сега е на деветото место на табелата со 22 бодови, бод помалку од Силекс кој е над опасната зона, додека Ренова е десета со 19 бодови. Во следното коло Ренова ќе игра дерби со Вардар во Тетово, додека Пелистер ќе гостува кај Струга Трим Лум.

Табелата од Првата лига можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!