ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Голема чистка во Гостивар – разделба со дури десет фудбалери

Второлигашот Гостивар пролетната полусезона во Втората фудбалска лига – Запад ќе ја започне во видно изменет состав. Откако клубот договори две засилувања, раководството се одлучи да се раздели со десет фудбалери.

Во иднина дресот на Гостивар повеќе нема да го носат Хиџрет Рушити, Бесир Бафтјар, Кадри Палоши, Клирим Селими, Талја Идризи, Урим Бајрами, Агон Елмази, Симер Хасан, Сунај Хасан и голманот Драган Мишовски.

Досега клубот го засилја Муреам Муарем и Енис Дервиши кои ставија потпис на соработка со Гостивар пред неколку денови, а во следниот период следуваат засилувања за овој второлигаш.

Гостивар полусезоната ја заврши на шестата позиција на табелата со 17 бодови, а целта е сигурен опстанок во второлигашкото друштво.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!