Европски ФудбалФудбал

Голема чест, но и притисок: На Кутињо му се нуди „десетката“ на Меси

Дресот на фудбалскиот клуб Барселона со бројот десет претставува една од најголемите почести во светот на фудбалот, а во својата богата историја го носеа асови како Диего Марадона, Ромарио, Ривалдо, Хуан Роман Рикелме и Роанлдињо, а во последните десет години Лионел Меси.

Откако Аргентинецот замина за Пари Сен Жермен, фудбалската јавност се интересираше кој ќе ја преземе таа бројка, а шпанскиот „Мундо Депортиво“ пренесува дека „среќен победник“ ќе биде Филипе Кутињо. Клубот му ја понуди таа бројка, а поранешниот фудбалер на Интер, Васко, Еспањол и Ливерпул се уште размислува дали да ја прифати таа бројка.

Бразилецот досега го носеше бројот 14, а многу фанови на Барселона не ја поздравија оваа одлука на тимот од Каталонија, бидејќи 29-годишниот Кутињо сигурно не ги оправда очекувањата на јавноста од неговото доаѓање во Барса во 2018 година од Ливерпул за вртоглаво обештетување од 135 милиони евра.

Имаше голем притисок врз Кутињо од неговото доаѓање од „црвените“ пред три години, а можно е „десетката“ на Меси уште повеќе да го отежне неговиот престој на стадионот „Камп Ноу“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!