Турнири

Голем ноќен турнир во мал фудбал во Берово – „Малеш Куп“, награден фонд над 150.000 денари

Започна пријавувањето за најголемиот ноќен турнир во мал фудбал во Малешевијата и источна Македонија – „Малеш Куп“ – Берово.

Пријавувањето на екипите е отворено до 8 јуни 2022 година, а турнирот ќе се игра во формат 5+1. Котизацијата за учество по екипа е 5.000 денари, предвиден е голем паричен награден фонд од над 150.000 денари за најдобрите три екипи. Исто така, организаторите на турнирот за Спортска Мрежа велат дека се предвидени награди за публиката како и забавни активности, што ќе биде вистинско уживање на турнирот и за сите посетители и љубители на малиот фудбал. Турнирот ќе започне на 15 јуни 2022 година.

„Ве предизвикуваме да споделите со вашите пријатели и да се пријавите за учество“, велат организаторите на турнирот.

Натпреварите ќе се играат на спортското игралиште кај старата гимназија во Берово под рефлектори во ноќен термин. Турнирот е главно поддржан од локалните бизниси во Берово.

Пријавувањето на екипа на турнирот „Малеш Куп“ можете да го направите на 070 / 280 – 972 или на официјалната фејсбук страница на „Малеш Куп“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!