ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Голем бод за Академија Пандев на тешкото гостување кај фаворитот Шкупи

Академија Пандев ремизираше на тешкото гостување кај фаворитот Шкупи, играјќи 0:0 во натпревар од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Домаќинот кој атакува на шампионска титула важеше за фаворит на мечот, но одличната игра на „пандевци“ го спречија да дојде до посакуваните три бодови.

Шкупи останува на второто место на табелата со 37 бодови, но сега има негатива од 8 бодови во однос на лидерот Шкендија, додека Академија Пандев останува претпоследна со 18 бодови. Во следното коло Акадмеија Пандев на домашен терен ја чека Македонија ЃП додека Шкупи ќе има „незгодно“ гостување во Кратово кај Силекс..

Табелата од Првата лига погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!