РакометРакомет - Суперлига
Голден Арт КЛ7 ја прекина соработката со тренерот Андон Бошковски

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 15.01.2020 година (петок) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Андон Бошковски.
„На Бошковски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развој на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани“, велат од клубот.
Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот.
Еден Коментар