Го сакаа Азар во Лондон, но Реал Мадрид беше навреден од нивната понуда!

Еден Азар во никој случај нема среќа откако дојде во Реал Мадрид.
Белгиецот е „вечно повреден“ и се уште не оправда ниту дел од средствата кои Реал ги вложи во него.
Во англиските медиуми денеска се појави информација дека за неговите услуги е заинтересиран Вест Хем Јунајтед кој се бори за пласман во Лигата на шампионите. „Чеканите“ наводно испратиле понуда за него, но таа го навредила Флорентино Перез.
Се работи за сума од 21 милион фунти, а претседателот на Реал очекува најмалку 48. Да потсетиме, Реал Мадрид, сметајќи ги сите бонуси на Азар, плати над 140 милиони фунти во 2019 година кога го донесе од Челзи, што е најголемиот трансфер во историјата.
Тој досега беше повеќе повреден отколку здрав во Реал Мадрид. Тој одигра само 54 натпревари на кои постигна пет гола и запиша девет асистенции.
Неодамна „Марка“ објави дека Белгиецот би можел дури и да заврши во втората лига на Белгија во Вестерло.
“Јас и Еден сме пријатели. Кога играше за Лил, ми вети дека еден ден ќе игра за Фенербахче. Вестерло изгледа како потешка опција, но зошто да не ја заврши кариерата тука”, изјави Хасан Цетинкај, сопственикот на клубот.
Останува да видиме што ќе се случи на крајот. Но, јасно е дека Азар тешко ќе остане на „Сантијаго Бернабеу.