РакометРакомет - Суперлига

„Гладијаторите“ се засилија, Михајло Младеновиќ промовиран во Охрид!

Ракометниот суперлигаш Охрид денес се засили со младиот ракометар Михајло Младеновиќ. Трансферот беше најавен пред заминувањето во Египет на СП, а денес двете страни ставија потпис на договорот.

Охрид регуларниот дел од сезоната го заврши со 12 победи од 12 натпревари, а во плеј-офот влегува со големи амбиции. Тренерот на „гладијаторите“ Раде Стојановиќ во интервјуто за Спортска Мрежа изјави дека желбата на сите е Охрид во плеј-офот да се најде што повисоко на табелата и да се освои место кое ќе биде играње во Европски куп следната година.

Младиот лев бек најверојатно ќе биде единственото засилување за охриѓани за плеј-офот.

Младеновиќ и Даниловски по враќањето од Египет веќе се приклучија кон екипата и се подготвуваат за предизвиците во плеј-офот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!