Европски ФудбалФудбал

Гатузо разочаран од Тотенхем: Боли повеќе од пораз…

Италијанскиот стручњак Џенаро Гатузо призна дека жали што не седна на тренерското столче во Тотенхем поради противењето на навивачите на лондонскиот клуб.

Странските медиуми веќе го ставија Италијанецот на клупата на Спарс, наводно веќе бил одржан состанок на обете страни, но на крајот клубот решил да се повлече.

Главната причина за ваквиот потег на управата беше противењето на навивачите заради коментарите на Гатузо за женскиот фудбал и истополовите бракови. Тие дури започнаа кампања на социјалните мрежи.

„Беше големо разочарување. „Ништо не можев да сторам“, рече Гатузо.

„Жал ми е што не можев да се бранам и да објаснам дека не сум таква личноста каква што ме сметаат во Англија. На крајот, морав да прифатам таква ситуација, што ме повреди повеќе од каков било пораз или разрешување… Омразата се шири на социјалните мрежи, се шират лажни вести. Немам профили на социјалните мрежи и не ги сакам. Зошто би ги оставил да ме навредуваат ? Јас не разбирам”.

Гатузо претходно го раскина договорот со Фиорентина, по само 20 дена пристигнување во клубот од Фиренца.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!