Европски ФудбалФудбал

Гатузо пристигна во Фиорентина и веднаш го побара првото засилување

Новиот тренер на Фиорентина, Џенаро Гатузо денес пристигна во тренинг центарот „Давиде Астори“ и веќе го побара првото засилување од сопственикот на клубот.

Гатузо сака во својот нов клуб да го донесе играчот за врска на Челзи, Тимуе Бакајоко. Францускиот фудбалер минатата сезона ја помина на позајмица во Наполи, а соработуваше и со Гатузо во Милан.

„Наполитанците“ немаат намера да го купат, па Бакајоко ќе се врати во Лондон откако ќе му истече договорот на 30 јуни.

Французинот одигра 32 првенствени натпревари за Наполи и забележа два гола и асистенција, а за две сезони има 63 настапи во Серија А.

Тој пристигна во Челзи од Монако во јули 2017 година, но не се наметна, па беше позајмен во Милан, Монако и Наполи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!