Европски ФудбалФудбал

Гатузо е блиску до договор со Тотенхем

Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо беше на кормилото на Фиорентина само 22 дена пред да ја прекине соработката со „Виола“. Според европските медиуми, поранешниот ас на Милан и италијанската репрезентација е прв фаворит за клупата на лондонски Тотенхем, кој остана празен со заминувањето на Жозе Мурињо.

„Спарси“ преговараа со Португалецот Пауло Фонсека, кој беше тренер на Рома – тимот што Мурињо ќе го води од следната сезона. Сепак, се чини дека нема да има ништо од таа соработка, иако до пред неколку дена се чинеше дека е постигнат усмен договор.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви лично го надгледува ангажирањето на нов тренер, а некои од тренерите кои беа во контакт со англискиот тим беа Ерик тен Хаг, Маурисио Покетино и Антонио Конте.

Гатузо го предводеше Наполи минатата сезона, а 43-годишниот Италијанец во својата тренерска кариера ги водеше и Сион, Палермо, ОФИ и Милан.

Италијанските медиуми објавија дека разделбата помеѓу Гатузо и сопственикот Роко Комисо се должи на несогласувања околу политиката на трансфери.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!