ФудбалФудбал - Четврта Лига

ГАЛЕРИЈА: Висока победа за Слатино, Свети Троица Црногорци го доби дуелот со Куршум

Вчера беше комплетирано 1. коло од Општинската фудбалска лига – Охрид кое беше отворено во саботата со триумфот на Света Троица 2021 од 9:0 над Лескоец.

Вчера на помошниот терен на „Билјанини Извори“ со високи 3:1 победа однесе екипата на Свети Троица Црногорци во дуелот со Куршум од Лакочереј.

ФОТО: СпортскаМрежа.МК

Домашниот тим имаше контрола на играта во текот на целиот натпревар, а тоа го потврди со водството од 2:1 по одигрување на првото полувреме. Во второто полувреме домаќинот не дозволи изненадување и натпреварот заврши со триумф од 3:1.

ФОТО: СпортскаМрежа.МК

Рудар на домашен терен беше убедливо надигран од екипата на Слатино, која на стартот од новата сезона однесе висока победа од убедливи 4:8.

Во Косел екипите на Вулкан и Лешани го поделија „пленот“, откако ремизираа играјќи 1:1.

ФОТО: СпортскаМрежа.МК

Колку за потсетување како што објави Спортска Мрежа, екипата на Вапила се откажа од натпреварување со што екипата на Свети Петар во 1. коло беше слободна.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!