ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
ГАЛЕРИЈА: Третолигашот Новаци убедливо поразен од албанскиот второлигаш Орику

Амбициозниот третолигаш Новаци денес на „Билјанини Извори“ во Охрид одигра пријателски натпревар со албанскиот второлигаш Орику.

Новаци кој во новата сезона од Трета лига – Југозапад цели кон освојување на врвот од табелата и преку баражот пласман во Втора лига, денес беше поразен со убедливи 0:4 од албанскиот второлигаш.