ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ГАЛЕРИЈА: Тиквеш преку Нгоба го „потона“ шампион Шкупи

Тиквеш вчера остана без тренерот Влатко Костов, а веќе денес со убедливи 3:1 го „потона“ актуелниот шампион Шкупи на Градскиот стадион во Кавадарци.

Кавадрчани одиграа одлични натпревар и обезбедија три многу важни бодови во остварување на целта за тековната сезона.

ФОТО: Спортска Мрежа

Гоце Седлоски се повлече од тренерското столче во Шкупи, како и Влатко Костов, денес и двете екипи беа со нови привремени тренери, но домашниот тим беше далеку подобар од чаирчани.

Алармот кај Шкупи е вклучен, но очигледно е дека не е проблем само сега веќе поранешниот тренер Гоце Седлоск, мора да бидат промените доста работи доколку Шкупи сака да остане конкурентен за одбрана на домашната титула.

ФОТО: Спортска Мрежа

На полувреме Тиквеш имаше водство од 2:0. Резултатот го отвори Барга Нгоба Анаел во 24. минута, а само четири минути подоцна Иван Ивановски ја дуплираше предноста за домашниот состав.

На стартот од вториот дел Нгоба со втор гол постигнат во 46. минута го донесе Тиквеш до водство од 3:0 и речиси сигурна победа на домашен терен на шампионот Шкупи. Една минута подоцна чаирчани останаа со играч помалку, откако Валид Хамиди заработи втор жолт картон поради недозволен старт и беше исклучен од игра, со што гостите на теренот беа со играч помалку.

Во 57. минута Шкупи го намали водство на Тиквеш на 3:1, а стрелец на погодокот беше
Цепхас Реналдо Шоуајне.

ФОТО: Спортска Мрежа

До крајот на натпреварот мрежите мируваа и на двете страни, а резултатот од 3:1 стана конечен.

Шкупи има два последователни порази, откако викендот загуби од Брегалница со 2:0 во Штип, денес го впиша и вториот сезонски пораз. Од друга страна Тиквеш ја забележа втората сезонска победа и со седум бодови колку што има и Шкупи и Академија Пандев е на делба на петото место на табелата.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во следното коло Шкупи ќе биде домаќин на Работнички во скопската пресметка, а пак Тиквеш ќе биде домаќин на Академија Пандев.

  • Цела табела од Прва лига:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!