ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
ГАЛЕРИЈА: Света Троица Црногорци е шампион во ОФЛ – Охрид и нов член на Трета лига – Југозапад

Екипата на Света Троица Црногорци е нов шампион на Општинската фудбалска лига – Охрид, откако во големото финале со убедливи 4:2 славеше над Света Троица 2021 и обезбеди место и во Трета лига – Југозапад.
Света Троица Црногорци денес на Стадионот со вештачка трева беше далеку подобар противник, херој на финалниот меч беше Блертон Рочи кој постигна хет-трик, додека едниот гол беше дело на Роберт Усеинов.

Екипата на Света Троица Црногорци за првпат ќе заигра во третолигашкото друштво на Југозападот, а следната сезона токму во овој регион од Трета лига ќе донесе доста возбудливи натпревари и неизвесност околу борбата за врвот од табелата.