ГАЛЕРИЈА: Новаци со три бода против Македонија, младата екипа од Враништа немаше сили

Фаворитот за Втора лига, екипата на Новаци и во второто коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад запиша триумф од 3:1 над Македонија од Враништа.
Во меч каде домаќинот беше фаворит против младата екипа од Враништа, сосема очекувано трите бодови останаа дома.

Антонио Стојковски го отвори резултатот во 9. минута од мечот, а до крајот на полувремето стрелаа и Стефан Стефановски и Иве Трифуновски за 3:0.
Во вториот дел Филип Вранишкоски во 75. минута ја стресе мрежата на Николче Симоновски за конечни 3:1.

Иако резултатот е висок, сепак и младите играчи на екипата на Македонија одиграа одличен меч и пропуштија неколку клучни шанси.
Новаци кој важи за главен фаворит за Втора лига тргна одлично во новата сезона, а во следното коло ќе гостува кај Лирија во Грнчари, додека пак Македонија на домашниот терен во Враништа ќе го пречека составот на Кравари.

Колото ќе биде комплетирано утре.