ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ГАЛЕРИЈА: Новаци го доби големото дерби, Котевски кобен за Кравари

Новаци забележа голема победа од 3:2 над Кравари во дербито на колото во рамки на четвртата рунда од Трета лига – Југозапад.

Новаци останува на врвот од табелата со максимални 12 бодови.

ФОТО: Спортска Мрежа

Кравари прв стигна до водство со голот на Темур Емини по само осум минути игра. По половина час во 38. минута Иве Трифуновски го израмни резултатот на 1:1 со што двете екипи во вториот дел влегоа резултатски изедначени во рамноправна борба за целиот „плен“.

Михаил Котевски во 65. минута погоди за прво водство на Новаци и пресврт на резултатот. Во 86. минута Благојче Ристевски ја “смрзна” домашната публика со гол за 2:2.

ФОТО: Спортска Мрежа

Дербито влезе во супер-луда неизвесна завршница, но со голема радост за домашниот тим. Котевски со втор гол во судиското надополнување се покажа кобен за Кравари откако ја стресе мрежата за конечни 3:2.

Четвртата рунда ќе биде комплетирана утре со останатите натпревари кои се играат во 15 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!