ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ГАЛЕРИЈА: Неготино е на нозе, Вардар ја слави шампионската титула и ќе игра бараж за Втора лига!

Вардар Неготино е нов шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ. Денес на Градскиот стадион во Неготино беше доделен шампионскиот пехар.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Неготинци ја прославија шампионската титула на Вардар, а нивниот миленик в понеделник ќе го дознае противникот за баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Цело Неготино е на нозе за големиот успех на Вардар, но сега сите, а особено играчите и раководството на клубот се насочени кон клучниот бараж-натпревар.

Веќе и официјално ги имаме сите шампиони од четирите региони на Трета лига. Вардар Неготино во Трета лига – Југ, Караорман во Трета лига – Југозапад, Арсими во Трета лига – Запад и Овче Поле во Трета лига – Исток.

В понеделник преку ждрепка ќе ги дознаеме двојките за бараж-натпреварите, двете победнички екипи патуваат во Втора лига и ќе ги пополнат последните две места.

Текстот го овозможи Revolution Development

Колку за потсетување, Втора лига од следната сезона ќе биде единствена со 16 екипи.

Вардар денес со убедливи 10:1 триумфираше над Возарци ДМД, а овој меч беше како тренинг-натпревар за баражот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!