ФудбалФутсал

Футсал клубот Проект со нови засилувања за пролетните предизвици

Екипата на Проект која што е лидер во Првата футсал лига на Македонија се засили со двајца нови играчи за пролетната полусезона. Станува збор за Бобан Давчевски кој доаѓа од редовите на Кеги Моби од Велес, како и голманот Ѓорге Јангелов од Гевгелија. Во КМФ Проект се реактивираше Лазе Грбашлиев.

Од екипата си замина Јосиф Јованов во Швајцарија, додека капитенот Александар Тенекеџиев, којшто поради обврски прекина со активното играње и тренира рекреативно, но би помогнал во клубот доколку за тоа има потреба.

Проект пролетната полусезона ја стартуваше со победа во дербито против Јувентус Серава со резултат од 8:9, а во следното коло на домашен терен ја пречекува екипата на Железарец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!