
Футсал клубот Овче Поле кој се натпреварува во Втората футсал македонска лига од петок (15 јануари) ги започнува подготовките за пролетната полусезона.
Клубот од Свети Николе го задржува „костурот“ на екипата од есенскиот дел и преговара со неколку играчи кои би го засилиле за пролетните предизвици. Екипата е доста подмладена, има шест нови млади талетирани и преспективни играчи, кои се со статус на младинци и четворица од постарите и поискусните играчи.
Екипата го има искусниот капитен Никола Стојковиќ кој исто така се уште е младинец, како и Икица Јованов, Даниел Стојчевски, како и Лазе Иванов кој се враќа од повреда, со што Овче Поле ќе направи спој на искусна и млада талентирана екипа која за тековната сезона има цел воигрување и создавање на искуство за наредната сезона и пласман во горниот дел од табелата и промоција во Првата футсал лига на Македонија.
Овче Поле со натпреварите започнува на 30/31 јануари, каде во рамките на 1/8 финале од Купот ќе се соочи со екипата на Проект-Јосифово, додека пролетната полусезона стартува на 13/14 февруари, а Овче Поле отвара во Струга против Енхалон.