Фудбалската школа Олимпик Старс од Кичево со одлични услови за тренинг од тренер со УЕФА лиценца!

Школата на ФК Олимпик Старс од Кичево функционира година ипол. Во школата членуваат момчиња од 6 до 16 години, а исто така, школата има и женска екипа во која тренираат девојчиња од 12 до 16 години.

„ФК Олимпик Старс става акцент да се афирмира што повеќе женскиот фудбал во нашата општина и да се има што поголем интерес за женскиот клуб. Во нашите планови за во брза иднина е да формираме сениорски тим и женски тим. Нашата школа нуди добри услови за тренинг натпревари и едукација на нашите членови. Тренинзите во нашата школа ги води тренер со УЕФА лиценца и се со најсовремени методи за работа. Тренинзите се одржуваат на стадион, а во зимскиот период се тренира во сала или балон сала. Поради ситуацијата на пандемијата со Ковид-19 натпреварите за млади категории се во мирување, а за наредната сезона се планира да се натпреваруваме во младински и детски лиги под покровителство на ФФМ, а истотака сме во план да играме во младинско-кадетска лига во женски фудбал. Се надеваме дека со работа и дисциплина ќе дојде и успехот да изградиме пред се добри личности и фудбалери“, велат од фудбалската школа за Спортска Мрежа.

Промотивен текст