Фудбалската школа ФК Македонија 2020 од Враништа под палка на Делиоски нуди одлични услови за тренинг, интересот на децата е голем!

Фудбалската школа на ФК Македонија 2020 од Враништа тренира деца родени 2006 до 2015 година. Условите за тренинг во оваа фудбалска школа која е отворена пред пет месеци се одлични. На почетокот школата стартуваше со 15 деца, но со добрата работа и условите кои што се нудат бројката на активни деца кои што се ова фудбалската школа е зголемен на 40.
Околу 3 месеци школата работи во сала со три тренинга во неделата, децата се задоволни од условите за тренинг, имаат одлична дружба и напредуваат во нивниот развој, интересот за уписи на нови деца постојано се зголемува.

Во моментот покрај машките деца, има и едно девојче кое што е родено 2007 година и кое што одлично напредува, а се очекува во иднина да порасне и интересот на девојчињата за тренирање на фудбал.
Фудбалската школа од март месец годинава е во план да се пријави во детската лига на ФФМ, каде што децата би можеле да играат и натпревари во системот за натпреварување на Фудбалската федерација на Македонија.
Тренер и координатор на фудбалската школа е поранешниот репрезентативец на Македонија, Цвете Делиоски кој е лиценцеиран тренер, а негов асистент е Илија Цајлакоски.
„Има доста талентирани деца, се надеваме дека некое од тие деца ќе го насочиме на добар пат, зошто да не заигра во Прва лига или за репрезентацијата на Македонија“, ни изјави Делиоски.

Како фудбалер Делиоски има настапувано за Пелистер, Шкендија, Силекс, Напредок, Караорман, Охрид, три години помина во Албанија, настапивајќи за Скумбини и Аполонија во Суперлигата, тој е и поранешен репрезентативец на Македонија.
Делиоски влезе и во тренерски води, каде има работено во неколку клубови и има постигнато одлични резултати во Третата лига – Југозапад. Тој ги предводеше Фламуртари, Сатеска, Лабуништа и Октиси.