ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Фудбалерот на македонскиот второлигаш Беса доживеа сообраќајка и е во болница

Македонскиот второлигаш Беса преку соопштение информираше дека нивниот фудбалер Шериф Реџепи доживеал сообраќајна несреќа во текот на денешниот ден.
Имено, автомобилот „Голф“ излетал од патот и се превртел, а во него се наоѓал 22 годишниот фудбалер.
Според информациите кои ги објави Беса, тој е префрлен во болница и неговата состобја во моментот е стабилна, а второлигашот побара сите да се помолат за негово брзо закрепнување.
Реџепи е одличен талентиран млад фудбалер кој вчера настапи за Беса против Вардар, а во тековната сезона во Втората лига – Запад постигна и хет-трик. Во својата кариера покрај за Беса има настапувано и за Охрид, Гостивар, Велазерими и Тетекс.