Европски ФудбалФудбал

Фудбалерот мораше да оди на предавање, па задоцни на мечот: Грчкиот клуб го започна мечот со десет фудбалери

Несекојдневна сцена се случи денеска во грчката втора лига, на натпреварот меѓу Кавала и Ксанти во 4. коло.

Ксанти славеше со 0:6, а беа постигнати пет гола во првото полувреме. Работата на гостите многу им ја олесни една неверојатна ситуација, поради што Кавала го започна натпреварот со десет играчи.

Имено, Теодорос Тахмацидис не можеше да го започне натпреварот на време бидејќи имаше задолжително предавање на факултет, па го ислуша во соблекувалната и натпреварот го започна во 20. минута, иако беше пријавен дека игра од првата минута.

Кога тој се појави на теренот, резултатот веќе беше 0:3 за Ксанти, а Кавала беше немоќна во продолжението, па доби уште три „парчиња“.

Инаку, Кавала пред почетокот на сезоната наиде на големи финансиски проблеми, поради што ја напуштија сите професионалци, а тимот во моментов го сочинуваат комплетни аматери, студенти, кошаркари и кикбоксери.

Поради блокадата на нивните сметки, грчката федерација забрани трансфери на професионалци, па го „крпеа“ тимот до зимскиот преоден рок кога очекуваат разврска на ситуацијата и доаѓање на играчи кои ќе го вратат тимот на вистинскиот пат.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!