ФудбалФудбал - Прва женска лига

ФОТОГАЛЕРИЈА: ЖФК Тиверија ги започна подготовките, атакува на шампионска и Куп-титула

Женскиот фудбалски клуб Тиверија од Струмица ги започна подоготовките за пролетната полусезона од Првата женска фудбалска лига.

Клубот вчера во Спортска сала го имаше првиот собир во новата 2021 година.

Како што и претходно информираше Спортска Мрежа, само една фудбалерка заминува од клубот, тоа е Миа Головска, а од клубот изразија благодарнсот за придонесот, посакувајќи среќа во понатамошниот дел од кариерата, но од друга страна Васка Василева добива право на настап во сениорска конкуренција.

„Kостурот“ на екипата од есенскиот дел е сочуван, односно сите фудбалерки остануваат во ЖФК Тиверија, а за пролетниот дел клубот има единствена цел – шампионска титула и Куп-титула.

ЖФК Тиверија есенскиот дел од сезоната го заврши на второто место на табелата со 35 бодови, четири помалку од актуелниот шампион Каменица Саса кој е лидер на табелата, што ќе понуди атрактивна пролет.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!