(ФОТОГАЛЕРИЈА) Третолигашот Македонија Враништа изврши целосна обнова на соблекувалните

Третолигашот Македонија од Враништа во текот на викендот го изврши првиот дел на обновување на соблекувалните на клубот.
Во првата фаза извршена е целосна реконструкција на кровот кој беше најранлив во последни годни.
Моменталната ситуација и лошото време не го спречија раководството на клубот да ја заврши работата на време пред почеткот на пролетната полусезона.
„Зад нас имаме цела армија луѓе кои ни веруваа и секогаш кога ни беше најтешко ни пружија рака“, велат од клубот и јавно изразија благодарност на сите кои што помогнаа во оваа акција:
„Вреди и да се споменат тие кој несебично помогнаа а тие се: Месно население Враништа, МарБо Градба Враништа, Затуроски Андон, Танаскоски Дамјан, Шопоски Војо, Трајчески Борче, Ставрески Илија, Шиникоски Власе, Попоски Дамјан, Затаракоски Дејан, Грчески Перо, Грчески Младен и Томаноски Ѓоко.“
„Исто така им се заблагодаруваме на Спортско Друштво Македонија од Швајцарија кои ни веруваа и кои стојат зад овој проект.“
„Па како што е редот да ги споменеме и дечките кои цел викенд го поминаа помагајќи побрзо да се заврши сето тоа а тие се: Здравко Попоски, Антонио Попоски, Мише Шикулески, Јован Андоноски, Димитри Блажески, Дарко Шикулески, Јане Ќосески, Јанче Јанчески, Даниел Мацески, Марјан Милески, Христијан Затуроски, Бојан Затуроски, Бојан Крстаноски, Стефан Јоноски, Ристе Мацески, Симе Грчески, Бале Цоклески, Мете Милески, Илија Вранишкоски, Крсте Затуроски, Наумче Спасески, Душко Џероски, Борче Шопоски, Номче Милески, Иван Милески, Илија Миноски, Христијан Јованоски, Крсте Делиоски, Влатко Делиоски, Марио Миноски, Кристијан Кицески, Горан Стрезоски, Илче Велоклењоски, Јово Шопоски, Димче Милески, Горан Мацески, Младен Костоски, Дарко Ѓероски, Кристијан Мацески, Сендвичара Буде 2013, Маркет Цуци, Маркет Хире, Спаком, Пилана Малме, Бектеши 2012“, велат од третолигашот од Враништа.
Македонија Враништа пролетната полусезона во Третата лига – Југозапад ја стартува на домашен терен против Дебарца.