ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тиквеш со убедлива победа над Победа ги заокружени успешни подготовки

Во последниот пријателски натпревар пред почетокот на Втората лига – Исток, Тиквеш забележа победа над прилепска Победа со резултат од 5:2.

Спахиу и Мојсов постигаа по два гола, а еден гол постигна и Костовски.

Со овој натпревар се заокружени успешни подготовки, каде што кавадаречкиот второлигаш е спремен за стартот од продолжението на фудбалска сезона која Тиквеш ја стартува на домашен терен против екипата на Росоман во сабота со почеток од 14:00 часот.

Во овој подготвителен период, од страна на стручниот штаб на Тиквеш му беа дадени шанси на сите играчи. Исто така од страна на фудбалерите беа максимално одработени.

Во текот на наредната недела од страна на Фудбалската федерација ќе биде извршено тестирање на Ковид-19 пред продолжението од првенството.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!