ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ФОТОГАЛЕРИЈА: Тиквеш ја „билда“ формата за пролетните возбудувања, утре следува „контролка“ со Победа!

Второлигашот Тиквеш ја „билда“ формата за пролетните возбудувања од Втората лига – Исток. Клубот минува низ многу успешни подготовки, каде на контролните натпревари покажа дека може да парира на прволигашки екипи, што е најава за возбудлив бараж натпревар за влез во Првата македонска фудбалска лига.
Тиквеш има квалитетна и воиграна екипа, а утре на „генералката“ со Победа уште еднаш треба да ја потврди својата одлична форма и веќе следниот викенд на Градскиот стадион во Кавадарци против Росоман успешно да ја отвори пролетната полусезона од Втората лига – Исток.
Натпреварот ќе се одигра на игралиштето во село Марена со почеток од 14:00 часот.