ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Силекс се подготвува за пролетните предизвици во ПМФЛ

Кратовски Силекс во саботата ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.

Тренерот Горан Симов го имаше првиот собир со фудбалерите на Градскиот стадион во Кратово. Екипата до 18 јануари ќе се подготвува во Кратово, а потоа заминува на подготовки во Анталија, Турција, каде ќе остане до 1 февруари, за каде се планира и неколку пријателски натпревари.

Силекс во нападот се засили со Србинот Крста Ѓорѓевиќ. 27-годишниот фудбалер во својата кариера има настапувано за Мокра Гора, Радник, Жарково, чешкиот клуб Олимпија, а во Кратово доаѓа од редовите на Бачка.

Во Кратово пристигна и искусниот дефанзивец Јордан Серафимовски кој доаѓа од редовите на струмичка Беласица.

Кратовчани есенскиот дел го завршија на осмото место на табелата со 22 бодови.

Фотогалерија од вчерашниот тренинг на Силекс на помошниот терен во Кратово.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!