ФОТОГАЛЕРИЈА: Подмладената Македонија по втор пат го совлада Чиле

Репрезентацијата на Македонија забележа уште една победа во пријателски натпревар против репрезентацијата на Чиле со резултат од 28:24.

Натпреварот започна израмнето, а разликата ја направи голманот на нашата репрезентација, Митрески, а Пешевски и Поповски беа прецизни и на полувреме Македонија водеше со 16:12.
Во вториот дел Чиле се доближи до 19:18, но младиот состав на Брестовац покажа „заби“ и преку Кузмановски, Поповски и Мишевски нашата репрезентација дојде до нова победа од 28:24.

Најпрецизен во нашата репрезентација беше Кузмановски со четири гола, а по три погодоци имаа Пешевски, Поповски и Талески.

Надежта дека Македонија ќе заигра на Светското првенство во Египет ќе трае уште два дена, по што ќе се знае дали ќе учествува како прва резерва на турнирот во случај ако некоја репрезентација го откаже учеството.
