РакометРакомет - Македонска репрезентација

ФОТОГАЛЕРИЈА: Подмладената Македонија лесно го реши Чиле, Лазаров следеше од клупа

Македонската репрезентација со победа ја започна новата 2021 година, откако денес во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со 25:21 ја совлада репрезентацијата на Чиле.

ФОТО: Ракометна федеранција на Македонија

Избраниците на Брестовац одлично го започнаа натпреварот и по десет минути игра имаа водство над Чиле. Нашата репрезентација имаше постојано водство од 3-4 гола, одлично одиграа Митревски и Пешевски и на полувреме замина со предност од 15:11.

Во вториот дел на голот застана Томовски, а одличната игра на Македонија продолжи. Чиле успеа да дојде до негатива од 2 гола при 18:16, но потоа следуваше цврста одбрана и плус четири за конечни 25:21.

ФОТО: Ракометна федеранција на Македонија

Најефикасни во нашиот табор беа Пешевски и Серафимов со по пет гола, додека Маџовски постигна три гола. Кај Чиле најпрецизни беа браќата Салинас едниот со пет, а другиот со три гола.

ФОТО: Ракометна федеранција на Македонија

Нашиот капитен Кирил Лазаров не доби шанси и натпреварот го следеше од клупата.

ФОТО: Ракометна федеранција на Македонија

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!