ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТОГАЛЕРИЈА: Ернест Ѓока ја собра екипата, Шкендија ги стартува подготовките во походот по титулата

Откако вчера Ренова прва ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, денес и Шкендија ги започнува подготовките во походот по шампионската титула.

Стратегот на тетовци Ернест Ѓока влегува со единствена цел во пролетниот дел од сезоната, враќање на шампионската титула во Тетово. Шкендија есенскиот дел од сезоната го заврши на врвот во ПМФЛ со единствен пораз во последното есенско коло од Пелистер со минимални 0:1 и има шест бода повеќе од Шкупи и Македонија Ѓорче Петров кој се на делба на втората позиција.

Пролетниот дел ќе стартува на 14 февруари со натпреварите од 19. коло.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!