(ФОТОГАЛЕРИЈА) Босанката Сенада Муратовиќ ќе тресе мрежи за ЖФК Љуботен

ЖФК Љуботен продолжува со големите засилувања за пролетните предизвици во Првата женска фудбалска лига. Клубот од Тетово денес го претстави новото големо засилување, станува збор за репрезентативката на Босна и Херцеговина, Сенада Муратовиќ – Сенди.
Сенди во Тетово доаѓа од екипата на Модрича, а претходно има играно за Ујпешт, Слобода и Градина.
Се работи за супер брз напаѓач со што ЖФК ЉУботен добива на пробивност на крилните позиции, со што нападот на тетовчанки ќе биде незаприлив.
ЖФК Љуботен досега се засили со двете бразилки Ана Беатриз Тарантино – Роналдиња и Таила Фариас, на голманската позиција се засили со репрезентативката Магдалена Лекоска ја врати Сања Митреска – Сани од АС Јунајтед од Струга, и ја засили одбраната со Камерунката Меитефанг Тагне Хорелиа Сореле.
Еден Коментар