ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Второлигашот Братство означи старт на подготовки со осум нови играчи!

Македонскиот второлигаш Братство од Житоше денес ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од Втората лига – Исток.

Клубот од Житоше веќе ангажираше осум засилувања кои треба да помогнат во тешката битка за опстанок во второлигашкото друштво, а како што дознава Спортска Мрежа раководството на клубот преговара со уште неколку играчи кои би требало да го засилат клубот во следните денови.

Нови имиња во Братство се Антонио Димески, Дрилон Зендели, Урим Бајрами, Ирфан Максути, Метин Керим, Давид Царулески, Зоран Котески и Самир Мемеди.

Првиот тест е закажан за 22 јануари против охридскиот второлигаш Воска Спорт, а ќе бидат одиграни уште неколку контролни натпревари.

>>> ПЛАТФОРМА ЗА ТУРИЗАМ КОТВА.МК – РЕЗЕРВИРАЈТЕ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

Братство есенската полусезона ја заврши на претпоследното место со 7 бодови и има негатива од 12 бодови во однос на средишниот дел од табелата кој гарантира сигурен опстанок.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!