ФОТО: Второлигашот Арсими претстави четири нови засилувања

Новиот член на Втората македонска фудбалска лига Арсими претстави уште четири нови засилувања пред стартот на новата сезона.
Арсими успеа да го задржи долгогодишниот дефанзивец на клубот од Чегране, Енис Абдураими и за новата сезона од Втората лига. 22-годишникот последните 4 години ги помина во дресот на Арсими, клубот со кој испиша историја пласирајќи се во Втората лига. Претходно, во својата кариера настапуваше и за Гостивар.
Ново име во Арсими е Ерион Шуку кој доаѓа од редовите на прволигашот Шкупи. Шуку е 18-годишен талентиран напаѓач, кој во својата млада кариера има настапувано и за Слога од Виница.
Урим Бајрами, исто така е ново засилување за Арсими кој доаѓа од редовите на Братство од Житоше, екипа која испадна во третолигашкото друштво на Југ. 23-годишниот талентиран играч од средниот ред со дефанзивни карактеристки во својата кариера има настапувано и за Гостивар, Велазерими и Ренова.
Последно ново име во второлигашот од Чегране е Али Асани, кој доаѓа од редовите на Вардар, а настапува на левата бековска позиција. 20-годишниот Асани во својата кариера има настапувано и за првиот тим на Гостивар, а беше дел од У-15, У-17 и У-19 репрезентациите на Македонија.
Нови имиња во второлигашот од Чегране се Енис Абдураими, Ерион Шуку, Урим Бајрами и Али Асани.