Турнири
(ФОТО) „Враништа 2022“: Триумф за Искра, реми меѓу Д-р Баткоски и Враништа Б.З., познати полуфиналните двојки

Вчера, на турнирот во мал фудбал „Враништа 2022“ беа одиграни последните натпревари од втората групна фаза по што познати се полуфиналните двојки.
Екипата на Книжарница Клио беше поразена со 1:2 од Искра, додека пак Д-р Баткоски и Враништа Б.З. го поделија „пленот“ играјќи 0:0.
Денес е слободен ден од турнирот и ден за подготовка на екипата за големото полуфинале.

Утре со почеток од 20:30 часот во првиот полуфинален меч ќе се соочат Книжарница Клио против екипата на Д-р Баткоски, а пак еден час подоцна, односно во 21:30 часот силите ќе ги одмерат Искра и Враништа Б.З.

Победниците од овие два натпревари ќе се соочат во големото финале од турнирот во мал фудбал „Враништа 2022“.