ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Воска Спорт закажа шест пријателски натпревари

Амбициозниот второлигаш Воска Спорт од Охрид во рамки на зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Втората фудбалска лига – Запад закажа шест контролни мечеви преку кои ќе ја темпира формата.

Првиот пријателски натпревар е закажан за 22. јануари против Братство од Житоше, четири дена подоцна следува тест со прволигашот Струга Трим Лум, на 29. јануари тест со Ренова, на 2. февруари против Тиквеш, четири дена подоцна против Борец, а „генералката“ ќе биде против прилепска Победа.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

Екипата предводена од Раде Цицмиловиќ во пролетниот дел влегува со единствена цел – историски пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!