ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Воска Спорт со триумф над Братство на пријателска во Охрид

Во пријателски натпревар на стадионот „Грашница“ во Охрид, екипата на Воска Спрот со 2:0 беше подобра од Братство. Двата второлигаши го искористија слободниот викенд поради репрезентативната пауза за да одиграт пријателски натпревар.

Воска Спорт доминираше во текот на натпреварот, а тренерот Цицмиловиќ играше во комбиниран состав со цел да ја провери формата и на оние играчи со помала минутажа. Охриѓани до триумфот дојдоа со погодите на Демири и Јахии.

ФОТО: ФК Воска Спорт

Инаку, викендот се игра 7. коло во Втора лига – Исток и Запад, а Воска Спорт на домашен терен ќе игра против Кадино, додека пак Братство ќе гостува во Прилеп кај Победа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!