ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ФОТО: Воска Спорт на снег се подготвува за дуелот против Силекс

Воска Спорт викендов го игра дербито против непоразениот лидер Силекс во рамки на 13. коло од Втората фудбалска лига – Запад.
Денес Охрид е под снежна покривка, но тоа не беше пречка фудбалерите на Раде Цицмиловиќ да продолжат во полна пареа да се подготвуваат за големото дерби, кое е од голема важност и за двете екипи кои целат кон Прва лига.

Стадионот „Грашница“ покрај езерото е покриен со снежна покривка, а денешниот тренинг на фудбалерите помина во одлична и позитивна атмосфера.



