ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Воска Спорт ги започна подготовките за историски пласман во Прва лига

Амбициозниот второлигаш од Охрид Воска Спорт ги започна подготовки за пролетната полусезона во Втората фудбалска лига – Запад. Екипата предводена од Раде Цицмиловиќ подготовките ги започнува со единствена цел – историски пласман во Првата македонска фудбалска лига.

По пауза од повеќе од три недели екипата од „Грашница“ се врати на фубалските терени, на првата прозивка на тренерот Раде Цицмиловиќ беа присутни сите играчи, вклучувајќи ги и новите засилувања Аљтин Лога, Арџент Гафури, Дарко Размоски и голманот Дејан Силјановски, од кои се очекува дополнително да ја зголемат конкуренцијата и квалитетот во тимот.

Сите играчи направија Ковид-тестови, како и вообичаени контроли од лекарскиот тим на клубот, од каде е констатирано дека сите играчи се подготвени за старт на зимските припреми.

Воска Спорт есенската полусезона ја заврши на второто место на табелата зад непоразениот лидер Силекс од Кратово, а пред третопласираниот Вардар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!