ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Воска Спорт ги започна подготовките, утре ново засилување од Вардар!

Воска Спорт пред два дена ги започна подготовките за историскиот настап во Втората лига – Запад. Охридскиот второлигаш е најактивен на трансфер пазарот, а со новите квалитетни засилувања дефинитивно Воска Спорт ќе атакува на висок пласман на табелата.

Тренер на екипата е Раде Цицмиловиќ.

Подготовките течат во најдобар ред, а веќе утре ќе биде промовирано ново квалитетно засилување кое доаѓа од редовите на Вардар, дознава Спортска Мрежа.

Промоцијата на „Грашница“ ќе се случи утре, а нови засилувања ќе има и следните денови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!