ФОТО: Воска киксна, Силекс со „петарда“ за Кадино, по три бода за домаќините

Беса со минимални 1:0 го доби Охрид и е пред сосема сигурен опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона. Стрелец на победничкиот гол вреден три златни бодови за второлигашот од Добри Дол беше Малиќ Белули постигнат во 80. минута од мечот.
Воска на „Билјанини Извори“ се киксна и одигра само нула (0:0) против одличниот Гостивар кој во Охрид остане не поразен и откина два бода од големиот фаворит.

Вардар со убедливи 4:0 го декласираше Тетекс на теренот на ФФМ. По два погодоци во првиот и вториот дел. Двоен стрелец беше Филип Петковски, а по еден гол постигнаа Ненад Мишковски и Ерен Парталко.
Кораби конечно стави крај на серијата порази откако на домашен терен со 3:1 ја доби Велешта и излезе од опасната зона за директно испаѓање, откако Охрид загуби во Врапчиште од Беса. За второлигашот од Дебар погодоци ги постигнаа Фатјон Леши, Бљерон Муча и Ујкан Муса. За Велешта единствениот гол го постигна Шпенд Асани.
Силекс со „петарда“ против Кадино е пред речиси сигурно враќање во Првата фудбалска лига. Кратовци со убедливите 5:0 стигнаа со двата погодоци на Кристијан Додевски, а по еден гол постигаа Тони Мичковски кој го отвори резултатот, Мартин Димоски и Андреј Петкоски.