ФОТО: Воска и Кораби се распукаа, Вардар ја доби Беса, три бода за Силекс и Охрид

Воска Спорт со убедливи 0:6 го распадна Тетекс на гостински терен. Двојни стрелци кај охриѓани беа Изаир Емини и Дарко Размоски, а по еден гол постигна Бехар Фета и Ардит Демири.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Со идентични 0:6 триумфираше и Кораби кај Кадино. Ујкан Муча беше двоен стрелец за гостите од Дебар, а по еден гол постигнаа Рејјан Абази, Бљерон Муча, Фатмир Ариф и Атдхе Кадрију.
Силекс со 0:2 за првпат сезонава го доби Гостивар и сосема сигурно чекори кон Прва лига. Кратовци до триумфот дојдоа доцна во вториот дел со двата погодоци на Ѓорги Танушев.

Вардар со минимални 1:0 ја доби Беса на „Железарница“ во Автокоманда со голот на Ерен Парталко кој беше постигнат во 19. минута од мечот.
Охрид го доби дербито за опстанок со Велешта (2:3). Охриѓани први дојдоа до водство со голот на Виктор Наумовски во 18. минута, а пет минути подоцна Дарио Наумовски израмни на 1:1. Наумовски со втор гол во 32. минута го врати водство на 1:2 на полувреме за Охрид.
Во вториот дел Илир Шеји во 86. минута стрелаше за 2:2, а една минута подоцна Сашо Шопоски беше херој за Охрид кој погоди за конечните 2:3.